9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Му се смејат сите, а него го бара Баерн Минхен!

Сензационална вест од Германија пристигнува денеска. Имено Лорис Кариус, еден од оние “голмани“ кои во изминатите 4-5 години му се смее цел фудбалски свет, и тоа оправдано, според тоа како бранеше во Ливерпул, но и во неколку други клубови, бил трансферна цел на еден Баерн Минхен.

Германскиот голман се “прослави“ во дресот на “редси“ во финалето во ЛШ против Реал Мадрид 2018, потоа беше најчесто на позајмица како во Бешикташ на пример, е еден од оние голмани кои е познат по своите ужасни киксови.

Но тоа не ги загрижува раководните лица на “баварците“ кои сметаат дека за 2 милиони евра, ништо пари за европски фудбалски услови, ќе добијат голман по мерка.

Факт е дека Нојер и Нубел би имале предност пред Кариус, ама во Баерн го бендисале Кариус по солидните настапи во дресот на Унион Берлин каде моментално е на позајмица.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести