9 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Триметарски цунами бранови се можни на североисточниот брег на Нов Зеланд како резултат на разорниот земјотрес со јачина од осум степени

Триметарски цунами бранови се можни на североисточниот брег на Нов Зеланд како резултат на разорниот земјотрес со јачина од осум степени.

Предупредувањето е издадено по многу силниот земјотрес чиј епицентар беше во близина на островот Кермадек, со јачина од 8 степени.

Според телевизијата Disclouse, можни се бранови од три метри.
Цивилната заштита на Нов Зеланд ги повика сите локални жители по целиот брег на земјата, доколку почувствуваат силен земјотрес повеќе од една минута, да одат на повисоките делови или што е можно подлабоко на копното.

За некои делови на крајбрежјето на северо-исток од земјата е наредена итна евакуација.

Дури 14 земји очекуваат цунами. Издадено е предупредување за цунами на Хаваите и Американска Самоа.

На социјалните мрежи се појави видео од алармот, кој ги предупредува граѓаните да се извлечат што побрзо и да ги понесат со себе само најпотребните работи.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести