23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Ибра се појави на сцената на италијанскиот фестивал со воведните стихови на познатата народна песна „Јутро је“ (ВИДЕО)

Прославениот голгетер Златан Ибрахимовиќ беше специјален гостин домаќин на отворањето на познатиот музички фестивал Санремо.

Ибра се појави на сцената на италијанскиот фестивал со воведните стихови на познатата народна песна „Јутро је“ на пејачката Нада Топчагиќ.

Во одличен стил, со насмевка на лицето, Златан излезе на сцената во специјалното сако со „Ибра“ извезена на левата страна, а буквите I и B заедно го формираа клучот за виолина.

  • Добра вечер, Италија. Голема чест е да се биде тука, но исто така е голема чест што ме поканивте. Ова се моите правила на фестивалот. Ќе има 22 пејачи, 11 наспроти 11, рече Златан.

Водителот збунето одговори дека има 26 изведувачи.

Следуваше смешен одговор од Ибрахимовиќ.

  • Продајте ги тогаш. Слушам дека Ливерпул сака одбранбени играчи..

Водителот на шега рече дека не може да ги продаде пејачите на Ливерпул.

  • Во тој случај, испратете ми ги да работат во мојата градина, рече Златан.

Да потсетиме, Златан Ибрахимовиќ и Синиша Михајловиќ најверојатно ќе настапат заедно во шоуто во четврток. Тие треба да ја изведат познатата песна „Vagabundo“ во дует.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести