7 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Вицепремиерот Битиќи и министерот Бесими: Отворената и постојана комуникација, како и инклузивноста се клучни за креирање на системски решенија за подобро деловно опкружување

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министеротза финансии Фатмир Бесими, на покана на Стопанската комора на Македонија, присуствуваа на работна средба на која се разговараше за неколку иницијативи од страна на комората, како што се усогласувањето на царинскиот тарифник со ЕУ, анализа на парафискалните давачки и прашањето за холдинг.

Вицепремиерот Битиќи истакна Владата има отворен пристап кон соработката со стопанските комори и дека коморите се еден од клучните чинители, не само како претставник и застапувач на потребите на бизнис заедницата, туку  како иницијатори и партнери во креирање на политики. Тој додаде дека само со таков партнерски пристап може да се креира атмосфера на дијалог со која се цели кон креирање на подобро и предвидливо деловно опкружување.

„Знам колку е лесно или тешко кога стопанството има или нема предвидливо опкружување и од првиот ден кажав дека ќе се заложам, преку дијалог и комуникација со коморите како клучни чинители да работиме на подобрување на деловната клима.  Нема теми коишто не можат да се отворат, без разлика дали тоа бара 1 час, 20 дена или цела година   работа или одржување на илјадници состаноци, ние мораме заедно да седнеме и да ги најдеме решенијата. Ги отвораме стратешките прашања, коишто се битни, споменато е дека последните 10 години не се отворени, јас велам можеби и повеќе од 10 години. Слушајќи ги коморите и претставниците на компании, како чинители во стопанството, се одлучивме да влеземе во процес на креирање на Националната развојна стратегија, којашто би требало да одговори на мноштво прашалници коишто ги имаме  не само во економијата туку и во другите сектори“, посочи вицепремиерот Битиќи на средбата во Стопанската комора на Македонија.

Министерот за финансии Бесими посочи дека главен предизвик на Владата и Министерството,  во ковид кризата е истовремено да се реагира со брзи и интервентни мерки, за да се даде поддршка на компаниите во справување со кризата предизвикана од глобалната пандемија, креирање на мерки за ревитализација на економијата, а во исто време создавање на долгорочни системски мерки, за поинтензивен и одржлив економски раст.

„Транспарентноста и  инклузивноста се принципите на нашето делување во овој период на криза, а со тоа се подобруваат изгледите за опоравување на нашата економија и забрзување на растот. Нашите средби со коморите не се само одраз на добра волја или само декларативни изјави. Мене ми се допадна пристапот на претходниот состанок каде што имаше конкретни прашања. По тој состанок следуваа низа состаноците помеѓу професионалните тимови од коморите и министерството за финансии. За некои од темите првичната реакција од страна на  Министерството е на да се задржи „статус кво“, во смисла на заштита на тие што се системски решенија, што е и исправно. Меѓутоа кога „статус кво“ ситуацијата е предизвикана од нови, вонредни ситуации, ние мора да сме проактивни и да наоѓаме решенија. Токму во овакви случаеви, оваа симбиоза на комуникација на приватниот и јавниот сектор во смисла на дизајнирање на соодветни политики е клучна“, нагласи министерот за финансии Бесими, по што детално се осврна на прогресот на дел од иницијативите покренати од стопанските комори во изминатиот период.

Од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, беше истакнато дека соработката и комуникацијата со Владата е на многу високо ниво, во изминатиот период се одржаа голем број  на работни средби, во рамките на Платформата за јавно приватен дијалог и притоа се отворија многу стратешки теми кои чекаа да бидат отворени повеќе од една деценија.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести