1.8 C
Skopje
недела, ноември 27, 2022

Еве што вози Ибрахимовиќ во Милано (ФОТО)

Славниот шведски фудбалер беше фотографиран во скапо Ferrari.

Златан Ибрахимовиќ е познат како голем љубител на ексклузивни супер спортски автомобили, а претходно беше виден како вози автомобили од ограничени серии, како што се Ferrari Monza SP 2 и Porsche 918 Spyder.

Популарниот Ибра деновиве беше снимен во Милано зад воланот на уште едно ексклузивно Ferrari.

Станува збор за „LaFerrari“, модел изработен во само 500 примероци (499 наменети за пазарот, а еден е продаден на аукција организирана за помош на настраданите во земјотресот во Италија во 2016 година).

Инаку, планираните 499 примероци од „LaFerrari“ практично „изгореа“ дури и пред светската премиера во 2013 година, по цена од над еден милион евра за автомобил.

Сепак, само неколку години подоцна, вредноста на овие возила се множи, така што нивната цена достигнува мултимилионски суми.

„LaFerrari“ има хибриден погонски систем, кој се состои од единица V12, работна површина од 6.262 кубика и електричен мотор. Дванаесетцилиндричниот агрегат е способен да развива 800 КС при 9000 вртежи во минута, додека максималниот вртежен момент е 700 Nm и е достапен на 6.750 вртежи во минута.

Електричниот мотор обезбедува нови 163 коњски сили и 270 Nm, а вкупната комбинирана моќност на автомобилот е 963 КС.

„LaFerrari“ е во состојба да достигне 100 км на час за помалку од три секунди, а до 200 км на час за помалку од седум секунди.

Потребни се 15 секунди за да се постигне брзина од 300 км на час, пред да развие максимум 350 км на час.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img