9 C
Skopje
недела, април 18, 2021
spot_img

Веројатно најтешкиот ММА борец во историјата, Бразилецот Зулузињо (180 кг), се врати во акција (ВИДЕО)

Веројатно најтешкиот ММА борец во историјата, Бразилецот Зулузињо (180 кг), се врати во акција! И повторно направи шоу.

Зулузињо, кого локалните љубители на боречки вештини го паметат од манифестацијата Мегдан во Белград и Нови Сад во 2019 година, повторно влезе во октагонот во Сочи, Русија.

Негов противник беше Русинот Јусуп Шуаев, а натпреварот го одбележа предвременото славје на Бразилецот во првата рунда, кога тој толку силно го удри противникот што летна на подот. Почна да го „финишира“, но очигледно не ја слушна сирената што го означи крајот на рундата.

Судијата тогаш започна да ги раздвојува борците, а Зулузињо сметаше дека тоа всушност значи пауза и дека победата е негова. Тој се фрли на грб славејќи и му требаше многу време да сфати дека борбата треба да продолжи.

За негова несреќа, Шуаев успеа да се опорави и да доминира во следните две кола, па на крајот победи со одлука на судиите.

Бразилецот е во доцни години (42) и направи долга пауза во кариерата – од 2010 до 2018 година, кога немаше натпревари.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести