13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Анри со шокантен отказ од Монтреал: Заминувам, не сум ги видел децата една година

Легендарниот фудбалер Тјери Анри, денеска соопшти дека нема да биде повеќе тренер на Монтреал.

Анри денеска објави соопштение во кое објаснува дека го напушта клубот од фамилијарни причини.

„Ова е тешка одлука за мене. Претходната година ми беше најтешка во животот поради пандемијата. Не сум ги видел своите деа откако се почна со рестрикциите кои се на сила. Не можам повеќе да работам на овој начин и се одлучив да се вратам во Лондон, да бидам со своите деца“, напиша Анри.

Инаку оваа одлука многумина ја окарактеризираа како прифаќање на понудата на Бурнмут, од каде имаше разговори за негово превземање на клупата на овој тим.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести