Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Презентирана предлог организациска структура за Одделот и Регионалните центри за гранични работи, во рамки на твининг проектот за интегрирано гранично управување

„Идејата за отворени и безбедни граници за сите е еден од столбовите на кои се потпира Европската Унија. Јакнењето на националните капацитети во делот на интегрираното гранично управување е од исклучителна важност за нашата земја на нејзиниот пат кон исполнување на ЕУ и Шенген стандардите“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната презентација на Предлогот за организациска структура, човечки ресурси и управување со човечки ресурси за Одделот за гранични работи и миграции и Регионалните центри за гранични работи, подготвен во рамките на твининг проектот „Усогласување на националниот систем со ЕУ и Шенген барањата за гранично управување“ – ИПА 2016. Станува збор за проект што веќе се реализира во рамки на реформските зафати во министерството и треба да биде завршен до средината на оваа година.

Притоа, министерот Спасовски потсети дека уште при отпочнувањето на овој проект беше јасно дека министерството за внатрешни работи и останатите институции задолжени за спроведување на законот ќе преземат серија на сложени прилагодувања чија крајна цел е успешно прифаќање на ЕУ стандардите во сите области поврзани со граничното управување.
„Подобрување на политиките за човечките ресурси и управувањето со човечките ресурси во Министерството за внатрешни работи беше една од главните активности предвидени во рамките на овој проект. Како резултат на неколкумесечното работење од страна на ангажираните експерти од Министерството за внатрешни работи на Република Словенија, во рамки на твининг проектот, а во соработка со колегите од Одделот за гранични работи и миграции изработен е Предлог за организациската структура, човечките ресурси и управувањето со човечките ресурси за Одделот за гранични работи и миграции и регионалните центри за гранични работи“, нагласи министерот Спасовски.

Инаку, проектот „Усогласување на националниот систем со ЕУ и Шенген барањата за гранично управување“ – ИПА 2016, за чија што реализација како твининг партнер беше избран конзорциум Словачка-Словенија, стартуваше на почетокот на февруари 2019 година со рок за реализација од 24 месеци, а за таа намена беа издвоени околу еден милион евра средства од ИПА фондовите на ЕУ.

Проектот е поделен на две компоненти, од кои првата е подготовка на Патоказ за прифаќање на европското законодавство во делот за Шенген, со надградба на законодавството во делот на Интегрираното гранично управување и развој на Акциски план за Шенген и втората, јакнење на административните и техничките капацитети во делот на Интегрираното гранично управување

најчитани вести

Македонија

„Егзибиционизам што нема правна потпора“, вака универзитетскиот професор Борче Давитковски го оценува собирањето потписи против пописот, што деновиве го организира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот декан...

Македонија

Интегрален текст од прес-конференцијата на Иницијативата за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Добар ден на сите и добредојтовте на промоцијата на слоганот под кој ќе...

Забава

“Балашевиќ не заслужува никаков помен“, напишал Вељко. Додека цела Србија и регионот со емотивни пораки се простува од Ѓорѓе Балашевиќ, Вељко Ражнатовиќ има поразлично...

Македонија

Дека имало незаконско следење на комуникациите во Таргет – Тврдина, имало – и тоа никој не го спори и не може да го спори....