Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Поднесено обвинение во предметот познат како „Лидери“

По спроведена предистражна и истражна постапка од поранешното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице во предметот во јавноста познат како „Лидери“. Обвинетиот 50-годишник од Скопје се товари за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од  Кривичниот законик.

Во периодот од септември 2011 до февруари 2013 година, обвинетиот градел на земјиште во државна сопственост на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, за кое во 2004 година имал склучено Договор за закуп и користење на пасишта со ЈП за пасишта – Подружница Бит Пазар – Скопје. Иако согласно договорот бил корисник на земјиштето за период од 10 години, тој инвестирал во градба на армирано-бетонски објект од втора категорија. Без одобрение за градба тој изградил станбена зграда на два ката со вкупна корисна површина од 1.001 м2, со деловен простор и шест стана.​

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека предмалку поранешниот Директор на управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков пристигнал во просториите на обвинителството за гонење на организиран...

Македонија

„Егзибиционизам што нема правна потпора“, вака универзитетскиот професор Борче Давитковски го оценува собирањето потписи против пописот, што деновиве го организира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот декан...

Забава

“Балашевиќ не заслужува никаков помен“, напишал Вељко. Додека цела Србија и регионот со емотивни пораки се простува од Ѓорѓе Балашевиќ, Вељко Ражнатовиќ има поразлично...

Македонија

Дека имало незаконско следење на комуникациите во Таргет – Тврдина, имало – и тоа никој не го спори и не може да го спори....