Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Одлуката за седумдневен карантин за сите кои ќе влезат во Грција останува на сила

epa08520653 A car heading towards Greece at the border crossing 'Evzoni' between North Macedonia and Greece, near the southern city of Gevgelija, North Macedonia, 01 July. Greece reopened the Evzoni border crossing with North Macedonia to EU citizens and from 14 other countries which are on a list approved by EU authorities. All travelers arriving to Greece are required to fill a Passenger Locator Form (PLF) at least 48 hours before check-in. The form is part of the country's planning for protection against the coronavirus disease (COVID-19) pandemic and will allow authorities to create barcodes for travelers so that testing of new arrivals can be targeted. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Одлуката за седумдневен карантин за сите кои ќе влезат во Грција останува на сила, односно истата е продолжена за уште две седмици, односно до 8 март 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно министерската одлука од надлежните грчки министерства и новите одлуки на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, и понатаму во сила е задолжителната потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, за сите оние кои до 8 март ќе пристигнат во Грција, а паралелно, при пристигнувањето, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар (Passenger Locator Form) за патување во Грција.

Одуката за домашниот карантин се однесува на патници од сите земји вклучувајќи ги и оние од Европската Унија, а доколку посетата на Грција трае помалку од седум дена, тогаш домашната изолација ќе трае за целиот период додека се во земјата, с до нивното заминување.

За патниците од Велика Британија предвидени се посебни правила, односно за да излезат од седумдневниот карантин, потребно ќе биде, на седмиот ден, да направат ПЦР тест.

До 8 март, како што вчера објави МИА, продолжена е и одлуката за ограничување на копнените граници со Северна Македонија, Албанија и Турција, како и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а од рано утрово стапи во сила.

најчитани вести

Македонија

Иницијативниот одбор за одржување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во сабота, 20.02.2021 година, со почеток во 12.00 часот, на просторот пред Музејот на македонската...

Македонија

„Егзибиционизам што нема правна потпора“, вака универзитетскиот професор Борче Давитковски го оценува собирањето потписи против пописот, што деновиве го организира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот декан...

Македонија

Интегрален текст од прес-конференцијата на Иницијативата за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Добар ден на сите и добредојтовте на промоцијата на слоганот под кој ќе...

Забава

Српската легенда Ѓорѓе Балашевиќ почина денес на 67-годишна возраст Да потсетиме, Балашевиќ беше примен на Инфективната клиника пред три дена, каде се лекуваше од...