Учесник на исландската телевизиска шоу програма „Gettu Betur“, што во превод значи „Погоди подобро“ по изгубените поени се вознемирил и почнал да фрла се околу себе.
Програмата била во живо, па водителката останала затечена, но и сите во студиото. Иако се обидела да се совземе, неколку моменти подоцна побарала од режијата да пушти реклами.
Во квизот инаку се натпреварувале два тима ученици од средно училиште и од факултет, но никој не помислил дека еден од нив би можел вака да реагира на точен одговор на противничката екипа.
Ова дивеење во студио станало хит на социјалните мрежи, а на снимката се гледа како натпреварувачот прво фрла чаша вода, потоа го крши пултот, а на крајот го напушта студиото