Навивачите на Шалке и дефинитивно се нездоволни од партиите на тимот оваа сезона.
Веднаш по завршувањето на дербито со Борусија Дортмунд, стотици фанови се упатиле кон стадионот „Велтинс Арена“ за да се пресметуваат со играчите.
Меѓутоа германските медиуми најавуваат дека „драматично“ било и на три часа пред почетокот на натпреварот кога фанови упаднале во хотелот на Шалке, и го прекинале состанокот, барајќи победа над ривалот.
Драматичните сцени продолжиле и денеска, каде навивачите низ повеќе делови од градот го искажале своето незадоволство, а има и видео каде неколку фанови им упатуваат закани на играчите. Наводно видеото е пред натпреварот со Борусија Дортмунд кој Шалке го загуби со 0:4.
sportmedia.mk