16 C
Skopje
четврток, април 22, 2021
spot_img

Приказната за успехот на Ријана не е бајка

Робин Ријана Фенти, позната само како Ријана, е родена на 20 февруари 1988 година и вчера го прослави својот 33 роденден. Младата пејачка, кантавторка, текстописец, па дури и актерка ужива во нејзините бројни заработени милиони, но порано не било така. Таа пораснала во трособен бунгалов во Бриџтаун и со татко ѝ продавала облека на улица со цел да заработи за живот. Тој, од друга страна, толку многу се расправал со нејзината мајка, плус се борел со зависност, што како дете долго време страдаше од силни главоболки. Лекарите испробале сè, и сметале дека во еден период се работело за тумор, така што на крајот нејзината состојба драстично се подобри по разводот на нејзините родители, Моника и Роналдо.

Таа најде голема удобност во музиката и веќе на 15-годишна возраст основаше бенд со двајца пријатели. Само што успеа да застане на нозе, и набргу по нејзиниот 16-ти роденден, отиде да го посети Еван Роџерс во Конектикат, заради музичкиот договор што и беше понуден. Карл Старкен и помогна да го сними првото демо, а потоа тие го испратија скоро до сите, еден по еден. Нејзината среќа, од друга страна, се насмевна дури откако Џеј Зи „ја зеде под своја закрила“ – тогашниот извршен директор и претседател на „Def Jam Recordings“. По потпишувањето, таа беше обврзана да сними шест албуми, а веќе со „Pon de replay“ беше јасно дека „исфрлањето“ хитови нема да ѝ претставува проблем.

По оваа песна следуваа „SOS”, „Unfaithful”, „Take a bow”, „Umbrella”, „Don’t stop the music”… таа почна да живееше далеку поинаку, се движеше во кругови на познати личности и со нејзиниот изглед правеше „наслови“ и пополнуваше колумни во весници каде и да се појавеше.

Таа исто така започна да излегува со познати момци – Омарион, Џош Хартнет, за да и се случи најголемата љубов што скоро ја чинеше живот – со Крис Браун.

Поминаа 12 години од големиот пад на принцот и принцезата на R&B музиката: Големиот кошмар на Ријана и Крис Браун

Двајцата беа еден од омилените парови, сè до „кобната награда на Греми“ кога јавноста, скоро ја дочека веста дека ниту Ријана ниту Крис Браун некое време нема да одат по црвениот тепих – тој беше уапсен по жестока расправија во изнајмено „Lamborghini“, и фотографијата од отеченото и крваво лице на неговата девојка го „обиколи“ светот, како доказ за страшниот напад од негова страна. Неа ја „пуштила во етерот“ неккоја „одвратна жена која сметаше дека чекот е поважен од моралот“, еднаш рече Ријана за „Vanity Fair“ и никој не молчеше штом дозна што се случило. Подоцна беше откриено дека, според еден детектив од Лос Анџелес, Крис Браун „ја удрил Ријана во лицето и рацете, и го гризнал увото додека сè уште возеле, и откако го запрел возилото, ја довел до несвестица, бидејќи таа се обидела да избега. Во еден момент тој ѝ се заканил дека ќе ја убие “.

Сепак, пејачката успеа да се опорави, да продолжи да ја гради својата брилијантна музичка кариера, се обиде и како дизајнер, а на крајот на минатата година ја официјализира својата врска со Асап Роки, што ги направи повеќе од среќни нејзините обожаватели.

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести