5.8 C
Skopje
петок, јануари 13, 2023

НЕВЕРОЈАТНО: Мини хеликоптер ќе лета на Марс (фото)

Откако успешно слета на површината на Марс користејќи го она што НАСА го нарече „џетпак“, роверот „Perseverance” сними навистина неверојатни слики од Црвената планета.

Роботот со шест тркала испрати неколку слики со висока резолуција направени за време на слетувањето на роверот.

Возилото „Reconnaissance Orbiter“ на НАСА сними и летало што слета на местото за слетување во внатрешноста на езерскиот кратер, со падобран користен за време на слетувањето.

Снимката е испратена преку неколку летала кои кружат околу Црвената планета, но тие се само најава за тоа што следува.

Видеото од слетувањето сè уште се пренесува на Земјата и се обработува, за што ќе треба време, со оглед на големиот недостаток на интернет инфраструктура во вселената.

Повеќето камери на „Perseverance” снимаат слики во боја, вклучувајќи ги и камерите „Хаскамс“ напред и назад на возилото.

“Perseverance” ќе ја тестира својата „роботска рака“ и ќе го спроведе првото тест возење во наредните недели пред да ја истражи површината за рамно „место за слетување“ од кое ќе лансира мини хеликоптер / беспилотно летало.

Заедно, тие ќе спроведат витално астробиолошко истражување, испитувајќи ја геологијата на Марс и климата во минатото за подобро да утврдат што се случило со соседот на Земјата, како и да ја проценат одржливоста на идните човечки населби, меѓу другите проекти.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img