6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ЕСТРАДАТА СЕ ПРОСТУВА ОД БАЛАШЕВИЌ – ПОРАКИ КОИ БУДАТ ПОМЕШАНИ ЕМОЦИИ ОД СИТЕ СТРАНИ (видео)

Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска, 19 февруари во 67 година од животот, а познатите личности и неговите колеги по смртта на еден од најголемите уметници на денешницата, и на социјалните мрежи со потресни пораки се простуваат од него.– И ете, зимски ден, како создаден за тагување, но не давам да ме дофати, денес никако, денес подобро не. Ние поетите имаме свои трикови, тагата е тука за стиховите, а радоста за саканите, напишал актерот Милан Мариќ, што инаку е стих од песната „Диет запевачу сам“.

– Ако нечии текстови на песни до последната буква ги знаев, тогаш тоа беа твоите. Голем шмекеру, многу е тешко, почивај во мир, мил Ѓоле, напишала актерката Лидија Вукичевиќ.

– Голем, легендарен… Таквите како тебе не умираат, пишува Јелена Карлеуша.

– Замина Ѓоле тивко и без поздрав… Не знам како да се простам од Ѓорѓе Балашевиќ и не знам ни што да се каже кога ќе замине Ѓорѓе Балашевиќ… Ѓоле, кога одиш со толку песни зад себе, си заминал само онака, всушност не си ни заминал никогаш… Нека ти е лесна земјата и почивај во мир, драг Ѓоле, пишува Владо Георгиев.

– Многу се растажив кога дознав дека починал. Бевме пријатели, не знам ни колку јавноста беше упатена во тоа. Знаев дека има воспаление на белите дробови и дека не сакаше веднаш да оди да се лекува, па ете. На крајот ситуацијата се влоши. Многу рано замина, жал ми е што е така, но ние не судиме за тоа. Нека му е вечна славата, рекол Мирослав Илиќ за медиумите.

– Панонски морнар… Лесна пловидба… Ѓорѓе Балашевиќ, напишал актерот Александар Среќковиќ Кубура.

– Почивај во мир „Панонски морнару“, сочувство до семејството, пишува Тони Цетински.

– Беше најголем. Почивај во мир, напишал Хари Мата Хари.

Колку за потсетување Балашевиќ почина денес на Инфективната клиника во Нови Сад, каде во последните денови се лекувал од воспаление на белите дробови.

Роден е на 11 мај 1953 година во Нови Сад. Почнал како член на групите Жетва и Рани мраз, а од 1982 настапувал соло. Вкупно објавил 12 албуми. И не се бавеше само со музика, туку и глумеше.

Неговиот сингл „Рачунајте на нас“ постигна огромна популарност во социјалистичка Југославија и остана популарен меѓу југоносталгичарите. Објави многу песни кои станаа вонвременски хитови, а само некои од нив се „Не ломите ми багрење“, „Словенска“, „Намќор“, „Рингишпил“…

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести