Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, има добра идеја како да се решат спорните ситуации за офсајд, кога е ВАР во прашање.
Често сме сведоци ВАР да поништува голови за милиметар во офсајд, па дури и за прст, а сега Венгер предлага револуционерно решение.
„Оној дел од телото што ќе биде во офсајд, а со него не е постигнат голот како рака, рамо, прсти, стомак, да не се суди офсајд“, предлага Венгер.
Ова е интересен предлог и вреди да биде разгледан.
sportmedia.mk