5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

ОВЕН

Денеска е можно да ги тестираат вашите вештини на работа, и ќе бидете задоволни од она што сте покажале. Комуникацијата со партнерот се поправа. Оние кои се во врска на далечина, ќе имаат големи расправии. Пад на имунитетот.

БИК

Денеска сте фокусирани на помош на другите, што нема да мине незапазено. Ќе флертувате со личности од спротивниот пол, но нема да се впуштате повеќе од тоа. Проверете ја штитната жлезда.

БЛИЗНАЦИ

Денеска целата одговорност ја преземате на себе затоа што имате чувство дека на никому не можете да се потпрете. Имате поддршка од партнерот што многу ви годи. Покажете поддршка и од ваша страна. Проблеми со стомакот.

РАК

Позитивна атмосфера владее на работа кај вас. Денеска е идеален ден за почеток на нови проекти. Можно е денеска да влезете во тајна врска, и тоа ви одговоара, не сакате никакво оптоварување. Потребно е повеќе да спиете.

ЛАВ

Денешниот ден не е најповолен на работа. Немојте да започнувате нови работи затоа што старите не се завршени. На полето љубов се е во ред, и уживате со партнерот. Конзумирајте повеќе течности.

ДЕВИЦА

Можно е да добиете понуда за некоја висока позиција од онаа на која се наоѓате сега. Таа позиција носи повеќе одговорност. Партнерот е загрижен за вас, затоа што комуникацијата не е на најдобро ниво. Покажете му дека се е во ред. Добро здравје.

ВАГА

Не сте задоволни од резултатите кои ги постигнувате денеска. Денеска не ви е поволен ден за работа. Можно е да ја обновите врската со личноста со која порано сте имале само тајна афера. Потребен ви е повеќе витамин Д.

ШКОРПИЈА

Денеска ве следи среќа на полето работа, па може да очекувате позитивен напредок. Денеска не е ден за сериозни разговори со партнерот затоа што може да се случи да влезете во караница. Добро здравје.

СТРЕЛЕЦ

Денеска решавате проблеми кои сте ги имале со соработниците, па ќе почувствувате спокој. На полето љубов ве очекуваат позитивни промени, ќе прекинете нешто кое одамна сакате да го прекинете. Чувајте се од вируси.

ЈАРЕЦ

Денеска од вас се очекува да бидете дипломат, затоа што ве чекаат интелектуални предизвици на полето работа. Се чувствувате подготвени да го смените својот емотивен статус. Проблеми со бешиката се можни.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате зголемување на приходите, па така ќе бидете задоволни од финансиите. Пробајте да минувате повеќе време со партнерот. Внатрешни немири и несоница.

РИБИ

На полето работа нема никакви промени. Денот го минувате мирно и без тензии. Може да дојде до опуштање во турбулентна љубовна авантура. Полни сте со позитивна енергија што се пренесува на вашиот организам.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести