14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Кој прв до Меси: ПСЖ и Сити со две различни стратегии

Веќе одамна се знае дека Лео Меси во јуни најверојатно ќе си замине од Барса, само чудо може да се случи па тој да остане на “Камп Ноу“. Веќе одамна се знае дека со оглед на големината на трансферот и парите секако, само два клуба можат да си го дозволат, а тоа се ПСЖ и Манчестер Сити. И двата клуба предводено од шеици кои се пребогати со петро – долари.

Два клуба со две различни стратегии како да се доведе Меси во своите редови.

Онаа на ПСЖ е да се биде гласен цело време, во секој момент да се потенцира дека Меси е блиску до “Паркот на принцовите“. Тоа го велат и директорот Леонардо, потоа тренерот Покетино и секако неговиот голем пријател од репрезентацијата на Аргентина, Ди Марија.

Ова некои велат дека го нервира Меси, тој не сака премногу да се говори за неговиот евентуален трансфер во ПСЖ.

За разлика од “светците“, Манчестер Сити има сосема спротивна стратегија. А таа е да се работи на трансферот во апсолутна тишина. Пред неколку месеци се шпекулираше дека “граѓаните“ испратиле понуда до Лео околу личните услови, таа беше фантастично голема, но сепак тоа како да се стиша.

Познато е само дека има постојана конмуникација меѓу Пеп и Лео, започната веднаш по оној срамен пораз на Барса од Баерн во ЛШ, кога Гвардиола по телефон му го раскажал целиот проект околу иднината на Сити.

Останува сега да почекаме на некој месец за да видеме каде Лео Меси, во најголемиот трансфер во историјата на фудбалот за кој клуб ќе се одлучи, за ПСЖ или Сити.

Или пак и натаму ќе остане во Барселона.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести