6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Ибра им даде знак на директорите на Милан да подготвуваат нов договор

Дали Златан Ибрахимовиќ испрати порака до директорите на Милан дека е подготвен да потпише нов договор со тимот откако постигна два гола против Кротоне вчера? Според пишувањата на италијанските медиуми, 39-годишниот голгетер на „росонерите“ постигна два гола на „Сан Сиро“ во победата на Милан од 4:0 и враќајќи се на врвот на Серија А.

По вториот погодок, тој беше фатен на камера како гестикулира кон трибините каде беа директорите на клубот, вклучувајќи ги Паоло Малдини и Рики Масаран. Ибрахимовиќ со прстот им мавташе на директорите на „росонерите“, кои се уште размислуваат за продолжување на соработката со него. Скај Спорт Италија вели дека оваа гестикулација на Ибра е јасна порака дека тој сака договор на уште една или две години, бидејќи актуелниот му истекува на крајот на сезоната.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести