8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Мусолини наскоро во првиот тим на Лацио!

Се разбира дека не е тој Мусолини на кој што веднаш помисливте, туку на правнукот на Бенито Мусолини.

Станува збор за Романо Флоријано Мусолини, правнукот на Дуче, правнукот на еден од најлошите луѓе кои чекореле по земјината топка.

Малиот Мусолини има само 18 години и важи за голем талент во школата на Лацио. Како што денеска објавуваат медиумите во Италија, тој наскоро ќе се најде во првиот тим на Лацио и ќе дебитира за еден од најголемите клубови во Италија. Јасно е дека тешко ќе му биде со оглед на тоа презиме кое што го носи, но нели, семејството и роднините не можеш да ги бираш, и да сакаш.

Самиот Романо вели дека не го интересира политиката, историјата уште помалку. Се гледа како фудбалер а сака и да танцува. Неодамна тој учествуваше во едно ТВ шоу заедно со својата мајка Алесандра Мусолини, инаку внука на зглогласниот Бенито или Дуче.

Што е најинтресно, фановите на Лацио веќе подолго време се поврзуваат како љубители на фашистичката идеологија на Мусолини, уште од времето кога за тој клуб играше Паоло ди Канио, кој што им беше идол.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести