10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ВНИМАТЕЛНО: СТРАШНИ предизвици се шират на ТИК ТОК!

Смртта на 10-годишното девојче од Палермно, а потоа и на нејзиниот врсник од Белград, кои го прифатија „предизвикот“ на ТИК ТОК наречен „игра на задушување“ или #Blackout внесоа немир меѓу родителите. Но не се само овие опасни игри на тацна на децата, има уште кои сериозно може да им ги загрозат животите. 

Одделни предизвици веќе резултираа со опасни изгореници, труења, давења… Во прв момент сите овие делуваат само како супер забава, но всушност се далеку од тоа. Предизвиците од типот на „селотејп“, нуркање во брашно или вода, оној во кој се пијат антихистаминици, се голта лажица цимет без вода, се јаде капсула со детергент или предизвиците со сол и мраз… се се само забавни НЕ! 

Огнен предизвик

Во оваа игра потребно е да се полиете со запалива течност и да ја запалите. Ова е исто толку опасно како и играта со сол и мраз, која се појави во 2019 година, а во која на кожата треба да ставите сол и да ја стиснете со коцка мраз. Поентата е кој подолго може да ја истрпи болката. Оваа игра може да доведе до изгореници од втор, па и трет степен. Забележани се случаи во кои освен изгореници дошло и до трансплантација на кожа.

​​​​​​​Предизвик „селотејп“

Во оваа игра личноста мора да се врзе за столб или парче мебел, а потоа да се обиде да се ослободи. Во еден случај тинејџер паднал и си ја повредил очната шуплина, односно дошло до пукање на крвен сад во мозокот и бил во критична состојба.  

Лажица цимет без вода

Лицето треба да голтне лажица цимет без да се напие вода. Иако делува апсолутно безопасно, дете играјќи го предизвикот се задушило. 

​​​​​​​Паричка во струја 

Во моментов еден од попопуларните предизвици, а притоа никој не размислува дека може да дојде до струен удар и пожар. Веќе се забележани и такви случаи. Инаку, идејата е да се вклучи полнал за телефон во струја, и со него да се допре паричка. 

Консумирање антихистаминици

И овој предизвик е прифатен со воодушевување, а за жал, резултирал со низа случаи на труење, а забележани се и фатални исходи. 

Дали ТИК ТОК предизвиците се само обична забава и дали децата веќе играат некој од нив?! Внимавајте!

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести