16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Михајловски: Вардар 1961 ќе биде уште поконкурентен, наша цел е јасна

Пред продолжение на сезоната, Вардар 1961 доведе засилување на левата бековска позиција. Денеска во скопје треба да пристигне Васко Шеваљевиќ. Тој нема да биде во составот за мечот со Војводина во рамките на СЕХА-лига, на него стратегот Стевче Алушовски ќе смета во следните дуели.

Првиот човек на единтвениот македонски претставник во Лигата на шампионите, Михајло Михајловски вели дека со Шеваљевиќ тимот ќе биде уште поконкурентен за остварување на целите кои не се менуваат.

„Со доведувањето на Шеваљевиќ ја засилуваме бековската линија за која увидовме дека и треба дополнителен играч. Со неговото ангажирање сметаме дека ќе бидеме уште поконкурентни во продолженито на сезоната и ќе ги оствариме нашите цели а тоа е четврт-финале на ЕХФ лигата на шампионите, Ф4 во СЕХА лигата и титулата во домашното првенство, изјави Михајло Михајловски, претседателот на Вардар 1961.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести