6 C
Skopje
недела, април 18, 2021
spot_img

МВР АПСИ ЗА “ЈАВНА СОБА” – ЗАЕВ НАЈАВИ БЛОКИРАЊЕ НА ТЕЛЕГРАМ ВО МАКЕДОНИЈА ДОКОЛКУ НЕ СОРАБОТУВААТ

Премиерот Заев најави дека ако руската апликација за комуницирање Телеграм не соработува со властите за групата „Јавна соба“ можно е нејзино блокирање во Македонија.

-Доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот Јавна соба каде се споделува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, како и детска порнографија, ќе ја разгледаме и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во Северна Македонија, сѐ додека не почнат да соработуваат со нас, со единствена цел да се затвори проблематичната група и да ни помогнат во откривање на идентитетот на оние кои споделуваат слики и прават кривично дело. Нам како Влада ни на крај памет не ни паѓа да цензурираме комуникација, но ова е нешто друго и мораме да си ги заштитиме своите граѓани, напиша Заев на Фејсбук.

Премиерот им се обрати и на оние граѓани кои објавуваат фотографии и експлицитна содржина во групата.

-Сакам да упатам порака и до сите наши граѓани кои споделуваат слики и содржина на таа група во сопственост на други сограѓани, во истиов момент да престанете да го правите тоа и да излезете од таа група. На крајот на денот ќе ги добиеме податоците, ќе бидете обвинети и ќе одговарате за тоа што го правите. Министерството за внатрешни работи, во рамки на своите надлежности во земјава е влезено во трага на дел од лицата кои недозволено објавуваат фотографии и вознемирувачки содржини и се преземаат соодветни мерки и активности во врска со случајот. Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба. МВР работи во координација со Јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и соодветно санкционирање на сторителите, рече Заев и ги поддржа жртвите на насилство и рече дека надлежните ќе ги преземат сите неопходни чекори за да ги заштитат, но и да се казнат сторителите на овие грозни дела.

Приведени две лица во врска со случајот „Јавна соба“

Две лица, едно од Битола и едно од Велес, се проиведени во врска со случајот„Јавна соба“, потврдија од МВР за МИА.

Како што информираа од Министерството, се преземаат мерки и активности и кон други лица во координација со Јавното обвинителство со цел расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите.

Приведувањето на двете лица преку социјалната мрежа Фејсбук го потврди и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести