6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

УЕФА решена да обезбеди гледачи на мечевите на ЕУРО 2020

УЕФА останува посветена на организацијата на Европското првенство на 12 стадиони и покрај сите шпекулации дека има многу други сценарија за пренесување на органзиацијата дури и на само една држава.

Според последните весни на весникот „Индепендент“, УЕФА е во контакт со 12-те градови домаќини кои прогласија подготвеност за организација на турнирот, па сега почнаа и првите анализи на можноста за пополнувања на одреден број на места на стадионите во одреднеи држави.

УЕФА со Федерациите домаќини на ЕУРО 2020 во моментов обезбедува четири главни опции за полнење на стадионите: комплетен капацитет, 75 проценти, 50 проценти или 25 проценти од капацитетите.

Тоа значи дека УЕФА е подготвена следното ЕП да се игра пред гледачи.

Стадионите во Санкт Петербург, Лондон, Минхен, Баку, Рим, Букурешт, Копенхаген, Амстердам, Билбао, Глазгов, Будимпешта и Даблин и натаму се на листата на потврдени организатори на натпреварите на ЕП ова лето.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести