14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Ако некој го пронајде загубениот став на Мицкоски за попишувањето, нека го донесе во палатата Христо Татарчев !

Насловот е ироничен, но ја отсликува реалната состојба во која што се наоѓа најголемата опозициска партија и нејзиниот прв човек.
Приказната со референдумското изјаснување, сега се повторува и со попишувањето на граѓаните. Христијан Мицкоски повторно се чини дека го загуби компасот и лута без да заземе конкретен став.
Иако членовите на партијата и долгогодишните симпатизери и гласачи од него очекуваат став дали да се попишуваат или да ги затворат вратите пред попишувачите, како што повикуваат оние кои сметаат дека е потребен бојкот, Мицкоски повторно нема никаква насока и остава на нив.
Вчера во интервју на неговата ТВ Алфа, Мицкоски повторно испрати порака до граѓаните да не очекуваат став од него.
„Секој граѓанин има право на избор, и тие кои ќе одлучат да апстинираат, и тие кои ќе одлучат нормално да го отворат својот дом и да ги поканат внатре попишувачите кои ќе дојдат пред нивната врата“ рече Мицкоски избегнувајќи повторно да заземе став.

Мицкоски слично се однесуваше и со референдумот . Тој немаше храброст да заземе никаков став. Не се одлучи да учествува и да повика да се гласа против, а беше премногу исплашен и за да се придружи на повиците за бојкот.
Иако претендира да се претставува како лидер, одлуката дали да се излезе и гласа на референдумот и тогаш им ја препушти на граѓаните со што ја дефакторизираше партијата. Цената на неодлучноста на Мицкоски беа два загубени изборни циклуси на претседателските и парламентарните избори.

Медиа веќе пишуваше за неодлучноста на Мицкоски и неговата стратегија која по народски се нарекува „ни риба – ни девојка“.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести