Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога, запленети околу 40 кг марихуана (ВИДЕО)

На 21.01.2021 Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, пресече меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, која од Косово била транспортирана на територијата на Република Северна Македонија.

Притоа, на бул.„Јадранска магистрала“, на влезот во Скопје било запрено патничко возило  „шкода фабија“, управувано од А.М.(42) од Скопје. При извршениот преглед на возилото, во багажникот се пронајдени две големи вреќи со марихуана, во вкупно количество од околу 40 килограми, со пазарна вредност од над 100.000 евра.

А.М. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица за понатамошна постапка,при што во текот на денот ќе биде предаден со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Инаку, А.М. е познат сторител на кривични дела, осудуван и издржувал затворска казна, а во 2017 во Р.Србија е лишен од слобода при транспорт на поголема количина хероин.

најчитани вести

Забава

Кој вели дека бикини е само за на плажа?! Новиот тренд налага со бикини да се оди и на снег. Не верувате?! Погледнете ги...

Македонија

Пред нешто повеќе од 2 години, практично набргу по доаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, без ниту еден посериозен резултат зад него,...

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава од повеќе граѓани сведоци дека во тек е голема полициска акција на патот накај Блаце кај ресторанот Капри. Според нашиот извор...

Забава

Од пред крајот на минатата година, гледачите уживаат во авантурите на ликовите од популарната хумористична сероја „Преспав“. Во новата, петта сезона се задржани истите...