Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Обвинение заради дрога пронајдена при претрес во стан во Скопје​

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје, против 28 – годишен скопјанец кој го сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес на 24 декември, во изнајмен стан на улица „Црвена Вода“, кај обвинетиот биле пронајдени 54,76 грама марихуана, 0,8 грама кокаин, хашиш смола со вкупен волумен од 14 милилитри во три шприца, како и психотропни супстанции – 10,8 грама амфетамин и 4,65 грама од 3,4-метилен диоксиметамфетамин (МДМА). Покрај дрогата која обвинетиот неовластено ја држел заради продажба, во станот била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.

Во насока на обезбедување на присуство на обвинетиот за натамошниот тек на постапката, јавниот обвинител кој постапува во предметот до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице.

најчитани вести

Забава

Кој вели дека бикини е само за на плажа?! Новиот тренд налага со бикини да се оди и на снег. Не верувате?! Погледнете ги...

Македонија

Пред нешто повеќе од 2 години, практично набргу по доаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, без ниту еден посериозен резултат зад него,...

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава од повеќе граѓани сведоци дека во тек е голема полициска акција на патот накај Блаце кај ресторанот Капри. Според нашиот извор...

Забава

Од пред крајот на минатата година, гледачите уживаат во авантурите на ликовите од популарната хумористична сероја „Преспав“. Во новата, петта сезона се задржани истите...