Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски има пари за армија обезбедувачи и фиктивни портали, а ТВ Алфа тоне !

„Состојбата во Алфа е полоша од ден на ден. Платите доцнат, а секој што ќе изрази негодување околу злоупотребите кои се прават или добиваат закани или отказни решенија“, ни изјави вработен во телевизијата.
Според него, оние кои се блиски до претседателот на партијата може да се расфрлаат со ресурсите на телевизијата, а останатите мора да молчат дури и кога доцнат платите.
Тој ни тврди дека уште не е исплатена последната плата, а целата надеж е дека Мицкоски би можел да обезбеди дополнителна помош од Унгарија и Словенија за единствената опозициска телевизија.
Според неофицијални информации и странските сопственици веќе се скептични околу инвестирањето во телевизијата и моижноста да го повратат вложениот капитал. Имено, постоеле сомнежи во континуираните киксови на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ и неговите неостварени ветувања од типот „само што не сме дошле на власт“.
Се шпекулира дека голем бил револтот од тоа што нема никаков напредок овие три години, а огромни пари се расфрлале на партиско обезбедување, службени возила, луксузи и фиктивни портали.

Избркани двајца новинари

Извори од телевизијата велат дека атмосферата во Алфа во последно време била тензична, а кулминирала со силна расправија и отказ на двајца новинари. Директорот на Алфа, без никаква претходна најава или отказен рок, наводно решил да го прекине ангажманот на Ненад Мирчевски и Анкица Стојановска кои долги години работеа во телевизијата. Засега нема информации кои се причините за ваквата одлука, но почнале да звонат телефоните во партијата и да се бара помош за да го премислат бојаџи кој важи за близок пријател и соработник на Мицкоски.
На односот на менаџментот имаше полаки од вработените и пред четири месеци кога исто така се доцнеше со платите. Тогаш од самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници обвинија дека односот на раководството бил една од причините заради кои починал нивниот колега Сашо Михајловски.
“Последната битка му беше организирање штрајк поради неисплатената септемвриска плата на вработените во телевизијата, но и судската тужба до менаџментот на телевизија Алфа за неоснована дисциплинска постапка, преиначена во опомена, откако во изминатите два месеци против него менаџменотот имаше поднесено уште две други дисциплински постапки кои паднаа на комисиско ниво уште во самата телевизија . Силниот притисок под кој се наоѓаше од страна на менаџментот на телевизијата како синдикален лидер Михајловски го споделуваше со колегите во телевизијата, со нас во ССНМ, но велеше ќе се изборам . “ беше наведено во реакцијата на ССНМ.


Медиа.мк веќе пишуваше за финансиските проблеми во Алфа откако Христијан Мицкоски застана на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

најчитани вести

Забава

Кој вели дека бикини е само за на плажа?! Новиот тренд налага со бикини да се оди и на снег. Не верувате?! Погледнете ги...

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава од повеќе граѓани сведоци дека во тек е голема полициска акција на патот накај Блаце кај ресторанот Капри. Според нашиот извор...

Македонија

Пред нешто повеќе од 2 години, практично набргу по доаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, без ниту еден посериозен резултат зад него,...

Забава

Од пред крајот на минатата година, гледачите уживаат во авантурите на ликовите од популарната хумористична сероја „Преспав“. Во новата, петта сезона се задржани истите...