Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СИМПСОНОВИ ПОВТОРНО ПОГОДИЈА – КАМАЛА КАКО ЛИЗА (фото)

Серијата „Симпсонови“ кои со својата сатира даваат осврт на секојдневниот живот повеќе од 30 години, поради својата природа и бројот на епизоди и нивната содржина, често наоѓа свое место во теориите на заговор.

Корисниците на социјалните мрежи долги години шпекулираат дека познатата серија „Симпсонови“ наводно предвидува бројни настани во САД, но и во остатокот од светот,

По вчерашната инаугурација на американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис, сите се сетија на една од епизодите на семејството Симпсон односно од нивната иднина.

Имено, во таа епизода од 2000 година, Лиза беше прва претседателка на САД, а костумот во кој беше беше виолетов.

Костумот навистина потсетува на тоа што носеше Камала Харис за време на вчерашната церемонија, а за да бидат работите уште пообични, има ѓердан со бисери и обетки, исто така слични на оние од анимираната серија.

Сепак, имајќи ги предвид наводите на американските медиуми дека Харис сакала да алудира на Ширли Чишолм, првата афро-американка која се кандидирала за претседател и во чија кампања доминирала виолетовата, може да се каже дека Лиза Симпсон најверојатно инспирацијата ја пронашла во неа.

најчитани вести

Забава

Кој вели дека бикини е само за на плажа?! Новиот тренд налага со бикини да се оди и на снег. Не верувате?! Погледнете ги...

Забава

Софија Ражнатовиќ (41), вонбрачна ќерка на Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој некогашниот командант на СДК ја добил во Белгија, оваа година била спречена да присуствува...

Забава

Од пред крајот на минатата година, гледачите уживаат во авантурите на ликовите од популарната хумористична сероја „Преспав“. Во новата, петта сезона се задржани истите...

Свет

„Секој ресторан што ќе аплицира ќе биде регистриран како ќелија на политичка партија. Ќе се одржуваат состаноци, а гостите ќе бидат членови на нашата...