Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Пет диети одобрени од научници – СЕ ОСТАНАТО Е РИЗИК

Диетите се мошне опасни, ако кон нив се пристапува несериозно. Пред менувањето на исхраната мошне важно е да се консултирате со лекар. Овие пет диети или режими на исхрана се научно докажани и ефикасни:

1. Диета со ниско ниво на јаглехидрати

Тоа е диета со храна која е сиромашна со јаглехидрати и е совршена за оние кои сакаат да загубат килограми, затоа што воедно и го намалува ризикот од болести. Флексибилна е и додека ја практикувате можете да консумирате овошје, зеленчук, месо, риба, јајца, јаткасти плодови, како и масти, но малку скроб, шеќер и преработена храна. 

2. Медитеранска исхрана

Одлична е и е особено ефикасна за превенција на болести на срцето. Вклучува консумирање на риба, овошје и зеленчук, месо од живина, интегрални житарки, мешунки, млечни производи и маслиново масло. 

3. Палео диета

Мошне е популарна и ефикасна за слабеење, но и подобрување на општото здравје. Се базира на консумирање непреработена храна за која се верува дека потсетува на храната достапна на некои палеолитски предци.

4. Веганска исхрана

Веганскиот начин на исхрана станува се попопуларен во последната деценија. Поврзан е со бројни здравствени предности, вклучително и губење килограми, подобрување на здравјето на срцето и подобра контрола на шеќерот во крвта. Се заснова на растителна храна и елиминација на сите животински производи.

5. Диета без глутен

Таа е од суштинско значење за луѓето кои не поднесуваат глутен, протеин што го има во пченицата, ’ржта и јачменот. За оптимално здравје би требало да се сосредоточите на целокупната исхрана која е природно без глутен. Меѓутоа треба да се има предвид дека нездравата храна без глутен и понатаму е нездрава. 

најчитани вести

Забава

Кој вели дека бикини е само за на плажа?! Новиот тренд налага со бикини да се оди и на снег. Не верувате?! Погледнете ги...

Забава

Софија Ражнатовиќ (41), вонбрачна ќерка на Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој некогашниот командант на СДК ја добил во Белгија, оваа година била спречена да присуствува...

Забава

Од пред крајот на минатата година, гледачите уживаат во авантурите на ликовите од популарната хумористична сероја „Преспав“. Во новата, петта сезона се задржани истите...

Свет

„Секој ресторан што ќе аплицира ќе биде регистриран како ќелија на политичка партија. Ќе се одржуваат состаноци, а гостите ќе бидат членови на нашата...