7 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Неверојатно: Во оваа држава затворениците си ги имаат клучевите од своите ќелии

Холандскиот медиум „Dutch Review“ им посвети напис на затворениците и најновиот систем на „заклучување“ на криминалците во земјата.

 Во написот се зборува за најновата слобода што им е понудена на затворениците во ќелиите и колку беше успешна оваа промена. Изгледа како игра „Монопол“ каде благодарение на книгата „слободно можете да излезете од затвор“ можете да ја напуштите ќелијата. Поточно, затворениците во Холандија ја немаат оваа добра можност, сепак имаат поголема слобода отколку затворениците во другите земји.

Па тогаш за што станува збор?

Холандските власти, поточно Службата за судски институции (DJI), спроведуваат програма што вклучува десетици илјади затвореници „заклучени“ во 19 затвори. Една од активностите  која ги држи затворските чувари цел ден е отворањето и затворање на вратите на таканаречените индивидуални ќелии, затоа што секогаш има некој што сака да оди некаде, да биде дел од училница или да изврши некоја активност.

Всушност, овој процес им одзема толку многу време на затворските чувари што сметаат дека е невозможно да се справат со поважни прашања, како што е одржувањето на мирот и безбедноста во затворот.

За да го надмине овој проблем, Службата за судски институции одлучи да направи клучеви за затворениците, за сами да влегуваат и излегуваат од ќелијата. На тој начин тие исто така ќе се осигураат дека никој да не ги украде малкуте лични предмети што ги имаат.

Верувале или не, затворениците се држат до спроведувањето на законот во затворот повеќе отколку што мислите. Се разбира, на почетокот се експериментираше со ваквиот процес и беше ставен во функција откако се виде дека инцидентите што се случија беа малубројни. Се чини дека затворениците се задоволни од нивната новосоздадена „слобода“.

Резултатот

Досега, експериментот резултирак како успешен, чуварите чувствуваат помал притисок и се по внимателни, а затворениците чувствуваат поголема слобода и одговорност, не се сомневаат за меѓусебни кражби. И покрај некои обиди за злоупотреба, работите течат добро за либералниот холандски затворски систем. Генерално, холандскиот затворски систем забележа неколку значајни промени во последните неколку години.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести