Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

МАКЕДОНИЈА ДОБИ СВОЈ ПРЕТСТАВНИК НА ЕВРОВИЗИЈА – Еве за кого станува збор

  • Евровизија 2021 ќе се одржи во арената Ахој во Ротердам;
  • Васил Гарванлиев останува наш претставник;
  • Отворен е конкурсот за избор на песна;

Според јасно утврдените правила од страна на ЕБУ кои ги обврзуваат националните радиодифузери да селектираат нова песна за Евровизија 2021, а самите да донесат одлука дали минатогодишниот претставник ќе остане истиот и годинава, МРТ одлучи задачата да ја претстави Северна Македонија на Евровизија 2021, да остане во рацете на Васил Гарванлиев.

Бројот на земји учеснички за Евровизија 2021 е идентичен како и за претходната, која, за жал, не се одржа од причини добро познати за сите нас, предизвикани од светската пандемија со новиот корона вирус и беше заменета со алтернативно музичко шоу.

Четириесет и една земја веќе се подготвуваат за Евровизија 2021, за која се предвидени две полуфинални и една финална вечер, закажани за 18-ти, 20-ти и 22-ри мај во арената Ахој, во Ротердам, а повеќе од дваесет земји ги потврдија истите учесници селектирани од минатата година. Со оглед на непредвидливата состојба со корона вирусот, а со цел да го осигура одржувањето на шоуто, ЕБУ подготви четири можни сценарија, кои ќе овозможат непречено одвивање на натпреварот дури и ако се неопходни промени во последен момент. Тоа може да подразбира одржување на шоу со примена на протоколи за социјална дистанца и лимитиран број на публика, интернационален прес и членови на делегациите. Без оглед на тоа дали ќе биде можно или не патување и присуство на делегациите во мај во Ротердам, сите земји учеснички имаат обврска претходно да обезбедат снимка од настап во живо на својот претставник, кој во секој момент ќе им биде на располагање на организаторите за емитување.

Македонската Радио Телевизија пристапува кон избор на нова песна за Васил Гарванлиев и ги повикува сите заинтересирани страни да ги понудат своите музички проекти на следната е-маил адреса: [email protected], најдоцна до 27-ти јануари 2021 година. Демо снимката со максимално времетраење до 3 минути, според евровизиските пропозиции, треба да е квалитетно изработена, со разбирлива вокална и хармонска линија. 

најчитани вести

Забава

Кој вели дека бикини е само за на плажа?! Новиот тренд налага со бикини да се оди и на снег. Не верувате?! Погледнете ги...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од денеска тргнува на средби со европските политичари кои до крај останаа верни на американскиот претседател Доналд Трамп и се обидуваа...

Забава

Софија Ражнатовиќ (41), вонбрачна ќерка на Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој некогашниот командант на СДК ја добил во Белгија, оваа година била спречена да присуствува...

Македонија

Добра вест во најава за македонските угостители после подолг период на рестрикции и скратено време. Имено најверојатно работното време за угостителите ќе биде продолжено...