Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ги загуби изборите, ќе го загуби ли и седиштето ? Мицкоски не отстапува од идејата да ја уновчи палатата

Пред нешто повеќе од 2 години, практично набргу по доаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, без ниту еден посериозен резултат зад него, прв чекор на кој што се одлучи беше распродажба на партискиот имот кој го наследи.
„Размислуваме за рационализација на трошоците во партијата. Ако имаме соодветна понуда, објектот на штабот на партијата би го продале или би го изнајмувале доколку има соодветна понуда. Сега правиме еден вид на скенирање на пазарот, па ќе видиме“ изјави во октомври 2018 година во интервју за МКД.мк Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Бизнис ориентираниот претседател, почна да го скенира пазарот, но набргу потоа му беа врзани рацете од страна на судот кој ја блокираше партиската сметка и го замрзна имотот на барање на СЈО.
Специјалното јавно обвинителство на почетокот на ноември соопшти дека по негово барање, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1, донел решение „со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на ВМРО-ДПМНЕ“. Со таа мерка беа замрзнати вкупно 69 недвижнини, меѓу кои и зградата каде што се наоѓа седиштето на опозициската партија. Тоа значи забрана за отуѓување на конкретниот имот и давање под закуп на истиот. Дејствата беа преземени во рамки на предметот „Талир“, поради тоа што постоела веројатност имотот да биде отуѓен до завршување на постапката.


Експресно ВМРО-ДПМНЕ побара одмрзнување на имотот, а тогашниот генерален секретар, Игор Јанушев, оцени дека одлуките на судиите биле неосновани, без аргументација и политички мотивирани.

Цената на пописот се плаќа со провизијата од Палатата Христо Татарчев ?

На социјалните мрежи веќе кружат внатрепартиски информации дека Мицкоски меката реакција за пописот ја разменил за одмрзнување на имотот на партијата со цел, продажба на централниот штаб. Во јавноста дури кружат и информации дека бизнисмен близок до Мицкоски бил заинтересиран да го купи имотот во строгиот центар на Скопје.
„Пред Нова Година, Мицковски во посредство на Филипче имал неофицијална средба со Заев. Заев побарал подршка за три работи: за пописот, за клинички центар и за изборниот закон. Мицковски за возврат побарал судот да му го дозволи да го продаде централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, замрзнат во предметот Талир. Веќе нашол купувач и нашол друг објект кој ќе го купи за штаб. Главниот мотив е аванта, или мито за него лично. Инаку приказната за во партија ќе биде дека овој штаб изгледа многу луксузно, има трошоци за одржување и други изговори. Значи Заев добил подршка за пописот и затоа не помина ниту еден амадман а вмровците ќе се глупираат со бесцелно собирање потписи колку Мицковски да покаже некаква активност, добил подршка за изборниот законик и клиничкиот центар без ништо реално да му се побара и да даде за возврат во корист на опозицијата, освен можност Мицковски да стави во џеб 7-8 милиони евра од продажбата на штабот и купувањето на новиот. Ниту за уставобранителите ниту за политички прогонетите отворил дискусија, ниту го интересирал процесот на пописот, ниту уцените од Бугарија за идентитетот, историјата и јазикот ниту за ништо друго. Човекот знае дека е пропаднат и дека никој не го сака, дека нема иднина за него како претседател на партијата, знае дека нема шанси на следните избори со 70% негативен рејтинг и гледа само да опљачка што може пред да си оди. Инаку со пописот Заев ќе ги зацврсти позициите кај албанското гласачко тело, ќе обезбеди подобар закон за себе за избори а од начинот на кој ќе го градат клиничкиот центар ќе обезбеди најмалку 100 милиони евра провизија за него и помалку за партијата и ќе ни продава магла за транспарентност.“ се вели во еден од постовите.

Медиа.мк се интересираше на темата и упати прашање до портпаролот на партијата во кое побаравме одговор дали Мицкоски сеуште останува на намерата да го продава или изнајмува штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако ВМРО-ДПМНЕ добива пари за финансирање од буџетот на државата кој го полнат граѓаните, никој од партијата не почуствува потреба транспарентно да одговори на нашето прашање, оставајќи простор за сомнеж за намерите на Мицкоски.

најчитани вести

Забава

Кој вели дека бикини е само за на плажа?! Новиот тренд налага со бикини да се оди и на снег. Не верувате?! Погледнете ги...

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава од повеќе граѓани сведоци дека во тек е голема полициска акција на патот накај Блаце кај ресторанот Капри. Според нашиот извор...

Забава

Од пред крајот на минатата година, гледачите уживаат во авантурите на ликовите од популарната хумористична сероја „Преспав“. Во новата, петта сезона се задржани истите...

Свет

„Секој ресторан што ќе аплицира ќе биде регистриран како ќелија на политичка партија. Ќе се одржуваат состаноци, а гостите ќе бидат членови на нашата...