- Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 89 463
- Има вкупно 11 924 активни случаи, од кои 7027 се од Скопје
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје од 11 до 17 јануари регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од три отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје.
Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување се движи од 11 до 19 отсто, просечно 16 отсто, што претставува намалување од три отсто споредено со минатата недела.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 72 случаи на Ковид-19. Починати се 13, а оздравени 1023 пациенти. Во ковид-центрите во Скопје вчера беа хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 284 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89 463. Бројката на оздравени пациенти е 74 800, а на починати е 2 739. Има вкупно 11 924 активни случаи.
Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 38853, активни 7027
• Куманово 5050, активни 436
• Тетово 4977, активни 456
• Прилеп 4482, активни 267
• Гостивар 3546, активни 316
• Штип 3447, активни 167
• Битола 3174, активни 226
• Велес 2970, активни 310
• Охрид 2664, активни 367
• Струмица 2479, активни 365
• Кавадарци 2411, активни 366
• Струга 2152, активни 175
• Кочани 1702, активни 120
• Кичево 1671, активни 150
• Свети Николе 1061, активни 48
• Гевгелија 954, активни 116
• Неготино 945, активни 154
• Дебар 725, активни 106
• Ресен 712, активни 113
• Крива Паланка 705, активни 72
• Радовиш 676, активни 53
• Берово 567, активни 51
• Делчево 538, активни 155
• Пробиштип 482, активни 33
• Виница 476, активни 40
• Валандово 325, активни 24
• Демир Хисар 241, активни 13
• Македонски Брод 239, активни 14
• Богданци 214, активни 32
• Кратово 209, активни 15
• Крушево 192, активни 33
• Македонска Каменица 189, активни 47
• Демир Капија 179, активни 36
• Пехчево 175, активни 14
• Дојран 81, активни 7
Бројот на заразените од Ковид-19 во земјава се намалува, а по празничниот период се враќа работното време на угостителските објекти засега до 21 часот и продолжуваат активностите за набавка на вакцини.