10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Бионтек: Нема потреба од мова, вакцината штити од нови видови на ковид-19

Вакцината против ковид 19, развиена од „Фајзер“ и „Бионтек“, веројатно штити и од заразниот вид на вирусот, откриен во Велика Британија и распространет низ целиот свет, покажуваат резултатите од најновите лабораториски тестови на „Бионтек“.

Охрабрувачките резултати од анализата преку крвта на учесниците во новите испитувања спроведени од германскиот Бионтек се базираат на пообемни истражувања од оние објавени од американскиот производител на лекови „Фајзер“ минатата недела, пренесува Ројтерс.

Минатата недела, Фајзер објави дека слична лабораториска студија покажала дека вакцината е ефикасна против една клучна мутација, наречена N501Y, пронајдена во двете многу преносливи нови варијанти кои се шират во Велика Британија и Јужна Африка.

Најновата студија на Бионтек, објавена на bioRxiv.org, која сè уште не е прегледана, беше спроведена на синтетички вирус со 10 мутации кои се карактеристични за варијантата позната како Б117 идентификувана во Велика Британија, а меѓу 11-те автори се и Угур Сахин и Озлем Туречи, ко-основачи на Бионтек .

Оваа студија дава дополнителна надеж, бидејќи во Велика Британија се пријавува рекорден број на смртни случаи од ковид 19, за кои се верува дека е одговорен за повеќе пренослив вид на инфекција, што исто така значи дека развојот на вакцините за оваа болест не треба да започне од почеток. , наведува агенцијата.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести