Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

230 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење, 36 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 36 санкции, 17 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 24 за користење на мобилен телефон. Изречени се 42 санкции за непочитување на брзината на движење, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 33 мерки за непрописно паркирани возила и 11 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од денеска тргнува на средби со европските политичари кои до крај останаа верни на американскиот претседател Доналд Трамп и се обидуваа...

Забава

Алексиќ тогаш бил најнаградуван режисер од државна телевизија. Глумицата Милена Радуловиќ го пријавила Мирослав Алексиќ дека ја силувал, а многу колеги и дале подршка...

Забава

Софија Ражнатовиќ (41), вонбрачна ќерка на Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој некогашниот командант на СДК ја добил во Белгија, оваа година била спречена да присуствува...

Забава

Кој вели дека бикини е само за на плажа?! Новиот тренд налага со бикини да се оди и на снег. Не верувате?! Погледнете ги...