Поп пејачката Јелена Карлеуша претходно призна дека никогаш не ја запознала жената со која го поврзуваат Душко и дека никогаш не носела нејзини бикини.
Поп пејачката и нејзиниот сопруг се во центар на внимание поради српските медиуми, кои објавија дека Душко бил во врска со позната блогерка и дизајнерка на бикини.
Јелена неодамна се јави поради таквите шпекулации и ги демантираше, а набрзо најави и дека ќе поднесе тужба поради тоа.
„Жал ми е што Душко е вовлечен во вакви лаги и болна омраза кон мене, поради која пишуваат лаги за него, а тој секогаш ми бил верен и семеен човек. Овој пат реши да ја тужи таа маса на луѓе, доста беше“, порача Карлеуша.