Американскиот ФБИ истражува извештај дека една жена можеби украла лаптоп од канцеларијата на Претседателот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, при неодамнешниот упад во зградата на Конгресот, со цел да го продаде на Русија.
Против моментално неименуваната жена е поднесена кривична пријава, пренесува CNN.
Се наведува, сепак, дека станува збор за 22-годишнaта Рајли Џун Вилијамс од Пенсилванија, кој ае обвинет за влегување во зградата за време на опсадата на Конгресот и за кражба на лаптопот на Пелоси.
Наводниот сведок им рекол на истражителите дека пријателите на Вилијамс објавиле видео на кое се гледа како таа го краде уредот и велат дека таа има намера да го испрати компјутерскиот уред на пријател во Русија, кој потоа планирал да го продаде на руската надворешна разузнавачка служба.
Сепак, според сведокот, планот пропаднал од непознати причини и Вилијамс или сè уште е во сопственост на уредот или од тогаш го уништил.
Како што се наведува, целиот случај е сè уште под истрага, а Вилијамс сè уште не е уапсена, бидејќи наводно избегала од дома и ги избришала сите социјални мрежи што ги користела.