9 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

По три месеци се појави кинескиот милијардер Џек Ма (видео)

Еден од најголемите кинески претприемачи, милијардерот Џек Ма, објави видео на Интернет, со што заврши неговото речиси тримесечно „исчезнување“ од јавноста, кое отвори бројни шпекулации за неговиот статус и деловната империја.

На видеото, кое трае 50 секунди, Ма им честиташе на наставниците поддржани од неговата хуманитарна фондација, но не го коментираше неговото исчезнување од јавниот живот и фактот дека неговата група Алибаба и групата Ент се под надзор.

Видеото се појави на кинеските деловни вести и други страници.

Ма последен пат беше виден на 24 октомври, кога ја критикуваше финансиската инспекција на самитот во Шангај.

Џек Ма дури не се појави во последната епизода од сопственото шоу „Африкански деловни херои“ во кое беше еден од судиите, а него го замени извршната директорка на „Алибаба“, Луси Пенг, додека неговата фотографија беше отстранета од веб-страницата, објави ФТ.

Портпаролот на „Алибаба“ тогаш изјави дека Ма не е во жирито „поради преклопување на неговиот распоред

Тој е 17-тиот најбогат човек на светот за минатата година, со проценета вредност на имотот од 58 милијарди американски долари.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести