8 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

ОВОЈ СЛУЧАЈ СО КОВИД-19 ГО ЗАПРЕПАСТИ СВЕТОТ: Пилот после 8 месеци борба го победи вирусот

Пилотот на „British Airways“, Николас Синот се врати дома во Лондон, откако помина осум месеци во болница во градот Хјустон во Тексас, борејќи се со вирусот корона.

ABC NEWS известува дека и покрај долгата и тешка борба со короната, пилотот се опоравил и се вратил дома, а неговата сопруга била цело време со него.

На крајот на март 2020 година, пилотот започна лет, кој требаше да биде обичен, кон американскиот град Хјустон, пренесува „Mirror“.

Откако бил заразен со вирусот корона, тој бил хоспитализиран во болницата Херман и требало да се стави на вештачко дишење.

Секој орган на неговото тело беше под напад на вирусот

Во изјава за локалната радио станица KTRK, пилотот рече дека лекарите кои со месеци работеле на неговото закрепнување, изјавиле дека му откажале респираторните органи, дека всушност бил ставен на апарати за дишење, а потоа и на машина што помага во работата на срцето и белите дробови.

Лекар од болницата во Хјустон, Бисвајт Кар, рече дека „секој орган во неговото тело бил под удар на COVID“.

  • Сепак, поради неговото добро здравје, бидејќи е пилот, можеше да издржи сè и да преживее нешто толку сериозно. Отпрвин, бевме воодушевени од фактот дека некој толку болен може да го преживее сето тоа. Прашањето секогаш поминуваше низ нашите умови: „Дали е сè уште со нас?“ Со оглед на огромниот број лекови и проблеми со сите органи. Целиот медицински тим се согласил дека неговата сопруга, нејзината љубов, била клучна во заздравувањето – рече лекарот.

Според извештаите од САД, сопругата на Ники била покрај неговиот кревет осум месеци.

Пред да замине за Англија, Синот рече дека „со помош на сопругата и помислата да се врати дома и на неговите деца, успеа да се опорави“.

  • Тоа беше тежок пат, но стигнавме овде. Би сакал уште еднаш да се вратам во Хјустон и да ја посетам зоолошката градина таму, што ја гледав скоро секој ден низ прозорецот на болницата. Исто така, би сакал да ги видам сите оние прекрасни луѓе, пријатели, кои ми помогнаа да се излекувам – откри Англичанецот.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести