Кинеска библиотека е најновата сензација на архитектите на холандската фирма „MVRDV“, чии дизајни немаат граници во креативноста.
Од кулите Јенга во Виена до „Небесниот двор“ во Сеул, нивниот последен проект е библиотеката во Тијанџин, Кина, која ги остава посетителите без зборови, пишува „My Modern Met“.
Прекрасната библиотека содржи до 1,2 милиони книги кои се многу внимателно поставени на брановидниот ѕид на зградата.
Стаклената конструкција со површина од над 34 илјади квадратни метри ја прави библиотеката уште повеличествена каде што можете сами да изберете книги, да седнете да ги прочитате или дури и да ги земете со себе.