Дилета Леота – кога и да направи нешто, секогаш е во центарот на вниманието. Секако, не затоа што премногу добро ја работи својата работа како спортски новинар, туку затоа што нејзините волшебни облини не ги интересираат само мажите, туку и голем број жени.

И, исто така, ги интересира нејзиниот љубовен живот, особено во последната половина година или нешто повеќе, бидејќи раскина со своето поранешно момче, малку познат италијански боксер.
Сега се шпекулираше дека таа Новата година ја поминала со Златан Ибрахимовиќ, но дури и тоа се покажало како целосно неточна информација, бидејќи сега конечно се појавија фотографиите што се чекаа со месеци, па дури и со години.
Објавена е серија нејзини фотографии на кои таа е во љубовна врска со своето ново момче Џан Јаман, турски актер, иако само се шпекулираше дека тој ѝ го украл срцето.

Тој веќе беше споменуван како нејзин потенцијален дечко, само за него се зборуваше, а сега папараците на „Chi magazine“ успеаја да ја фатат на дело во заљубена преггратка со прекрасниот Турчин.

Значи, Ибра останува со нефовата сопруга, сето тоа беше озборување и останува на нас да видиме колку долго ќе остане убавата Дилета со Турчинот, бидејќи засега не покажала дека останува во врски долго време.