Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја остави земјата без вакцини, народ умира по болнички ходници

Зоран Заев наместо да се фати за работа, оди по соседството и се моли за вакцини. Вакцини не доби од Грција, не доби ниту од Бугарија, а вакцината која како милостиња му ја даде Вучиќ уште не е стигната ниту во Србија, а Заев побрза да се пофали дека измолил вакцини кои друг ги договорил, нарачал и платил.

Да го послушаше Заев ВМРО-ДПМНЕ требаше да стапи во контакт со светските производители уште при крајот на претходната година, кога тоа го правеа сите земји од регионот и светот. Но тогаш Заев се надеваше на донации, и наместо да се фати за работа тргна да моли.

Вакцини сега пристигнуваат секаде, само нема во Македонија.

Регионот забрзано се вакцинира, а Заев ги лиши нашите граѓани од правото да се вакцинираат.

Бараме веднаш да запре со циркусот и да се фати за работа. Доколку не може да испреговара за вакцини нека побара помош, чесно е да каже дека е неспособен.

Народот умира по болнички ходници, додека се чека вакцина. Ситуацијата бара сериозност.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од денеска тргнува на средби со европските политичари кои до крај останаа верни на американскиот претседател Доналд Трамп и се обидуваа...

Свет

По триумфот на Хрватска на дуелот против Ангола од 28022, прв за избраниците на Лино Червар на овој Мундијал, искусниот стратег даде интересна изјава....

Забава

Американскиот сексолог и колумнистка Надја Бокоди смета дека налагањето правила на партнерот може да доведе до пропаст на врската. Таа за „Дејли мејл“ раскажува...

Забава

Алексиќ тогаш бил најнаградуван режисер од државна телевизија. Глумицата Милена Радуловиќ го пријавила Мирослав Алексиќ дека ја силувал, а многу колеги и дале подршка...