Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

БАЈДЕН СЕ ЗАКОЛНА КАКО 46-ти ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД: Ова е ден на демократијата, ден за историја и надеж!

Џо Бајден положи заклетва пред претседателот на Врховниот суд Џон Робертс и со тоа стана 46. претседател на САД, а со своите 78 години, и најстар досега.

„Ова е ден на Америка, ова е ден на демократијата, ден за историја и надеж! Нападот на Капитол пред две недели повторно ни покажа дека демократијата е бесценета. Во овој момент, пријатели мои, демократијата преовлада. Денеска славиме триумф не на еден кандидат, туку на кауза, а таа кауза е демократијата“, кажа Бајден во својот говор пред зградата на американскиот Конгрес.

Пред Бајден, заклетва положи Камала Харис, станувајќи прва жена и прв Афроамериканец на функцијата потпретседател на САД.

Бајден ја повика нацијата да се обедини по четиригодишниот мандат на Трамп обележан со поделби.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од денеска тргнува на средби со европските политичари кои до крај останаа верни на американскиот претседател Доналд Трамп и се обидуваа...

Забава

Кој вели дека бикини е само за на плажа?! Новиот тренд налага со бикини да се оди и на снег. Не верувате?! Погледнете ги...

Забава

Алексиќ тогаш бил најнаградуван режисер од државна телевизија. Глумицата Милена Радуловиќ го пријавила Мирослав Алексиќ дека ја силувал, а многу колеги и дале подршка...

Забава

Софија Ражнатовиќ (41), вонбрачна ќерка на Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој некогашниот командант на СДК ја добил во Белгија, оваа година била спречена да присуствува...