Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СИНОТ НА МУЛТИМИЛИЈАРДЕРОТ СОРАБОТУВА СО ФБИ ЗА ДА ПОМОГНЕ ДА ГО УАПСАТ

Синот на канадско-финскиот моден магнат, Питер Нигард, Каи Бикл му помага на ФБИ да ги испита наводите дека неговиот татко сексуално нападнал десетици девојки и жени во САД во текот на неколку децении, пишува „Њујорк пост“.

Бикл се свртел против татко му во 2019 година, откако забележал како тој се однесува кон осумгодишно девојче, кое било ќерка на една од неговите девојки. Тој изјавил дека неговиот татко се обидел да го малтретира девојчето.

Водата ја прелила чашата, кога добил порака од негов пријател, кој му пренел дека Нигард влегол во соба со една девојка која била зашеметена.

„Кога ја добив пораката, знаев дека не е само лош онолку колку што луѓето зборуваат. Тој е и опасен криминалец и некој треба да го запре. Тој е чудовиште. Јас сум тука за да им дадам поддршка на сите жртви и да му помогнам на правосудниот ситем во откривање на луѓето кои ги заташкувале неговите злостори“, изјавил Каи.

Нигард е во затвор во Канада од декември и се бори против испорачување во САД. Светските медиуми пренесуваат дека казнените дела за кои е обвинет, траеле неколку децении во САД, Канада и на Бахамите.

Обвинтелите изјавиле дека модниот могул во текот на периодот од 25. години, ги користел своите компании и вработени, за да регрутира женски лица, кои потоа ги користел за исполнување на неговите сексуални желби, но и оние на неговите познаници.

Тие додале дека неговите соработници, ги дрогирале некои од жените, за да се осигураат дека ќе ги исполнат неговите сексуални барања. Нигард уживал во репутацијата на плејбој, а во една прилика изјавил дека младите жени му се извор на неговата младост.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од денеска тргнува на средби со европските политичари кои до крај останаа верни на американскиот претседател Доналд Трамп и се обидуваа...

Забава

Анастасија Ражњатовиќ се јави на социјалната мрежа Инстаграм, каде што објави видео снимка со нејзината мајка Цеца Ражњатовиќ. На видеото може да се забележи...

Забава

Алексиќ тогаш бил најнаградуван режисер од државна телевизија. Глумицата Милена Радуловиќ го пријавила Мирослав Алексиќ дека ја силувал, а многу колеги и дале подршка...

Забава

Девојките од групата „Хурикејн“ важат за едни од најпривлечните и најпосакуваните во регионот кои со својата убавина и изглед често се број еден тема...