8 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ПРВОТО ИЗНЕВЕРУВАЊЕ Е ПРОБЛЕМ, ПОСЛЕ Е ПОЛЕСНО – Еве зошто неверните не осеќаат одговорност

Големи се шансите да некој кој го изневерил својот партнер во минатото, тоа да го стори повторно, во споредба со оние кои секогаш биле верни.

Според едно истражување причината за тоа е дека мозокот станува отпорен  на негативните емоции како што е лажењето.

Затоа, ако оној што изневерува првпат чувствува каење за лажењето, следниот пат ќе се чувствува помалку, а секој нареден пат уште помалку.

– Често се случува со сериозни прељубници да се чувствуваат лошо за прв пат поради изневерувањето, но толку многу пати изневериле што се навикнати на тоа чувство и повеќе не се чувствуваат лошо – се вели во студијата и се додава:

Кога изневеруваме некого, се активира делот од мозокот задолжен за емоции и поради тоа можеме да чувствуваме срам или вина. Скенирањето на мозокот покажа дека луѓето полесно лажат со текот на времето, а мозокот станува сè помалку чувствителен на мамење.

Така според тоа, колку е помалку чувствителен мозокот, толку полесно ќе биде луѓето да го лажат својот партнер.

Претходните студии покажаа слични резултати. Луѓето кои изневериле во првата врска имаат три пати поголема веројатност да извршат прељуба во следната врска, во споредба со оние кои биле верни.

Исто така, тие се повеќе сомнителни кон своите партнери. Прељубниците, така четири пати почесто ги обвинуваат своите партнери за прељуба, без оглед дали го сториле тоа или не.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести