Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Климатските промени се причината зошти луѓето не се откажуваат од месо и автомобилите

  • Многумина ќе избегнуваат јавен транспорт и авиосообраќај
  • Европејците се повеќе сакаат одмор дома
  • Повеќето не сакаат да се откажат од месо, нова облека, автомобили поради климатските промени

Според неодамнешното истражување за климатски промени спроведено од Европската инвестициска банка, само 10% од Кинезите и 19% од Европејците се подготвени радикално да го променат својот животен стил за да ги запрат негативните промени на планетата.

Интересно е што дури 27 проценти од Американците би донеле радикални одлуки. Но, на пример, 40% од Европејците би можеле прво да се откажат од воздушните услуги, Кинезите би го сториле тоа во 43% од случаите, додека во САД е забележан процент од 38%.

Сето ова се споредува со фактот дека на овие нации им е потешко да се откажат од месо, нова облека, автомобили или видео-стриминг. Околу 39% од луѓето од Европа велат дека ќе им биде најтешко да се откажат од својот автомобил, а истото го изјавиле 38% од Американците, се вели во соопштението на ЕИБ.

Сепак, 72% од Европејците веруваат дека нивното однесување може да придонесе за намалување на негативните ефекти од климатските промени. Јавниот превоз за многумина е минато, поради загриженоста од пандемијата. Ваков став имаат 75% од Американците, 71% од Кинезите и 67% од Европејците.

Кога зборуваме за воздушен транспорт, многумина ќе го избегнуваат во наредниот период, поради загадувањето на животната средина. Слично на тоа, меѓународните патувања не се нивен приоритет. Дури 42% од Европејците повеќе сакаат да поминат одмор во својата земја, со цел да се избегнат големи емисии на гасови на долги растојанија.

Интересно е исто така, пренесува ЕИБ, дека повеќето се позагрижени за КОВИД-19 отколку за климатските промени.

Кога станува збор за воздушниот транспорт, 37 проценти од Кинезите, 22 проценти од Европејците и 22 проценти од Американците велат дека ќе избегнат патување со авион во наредните години поради загадувањето на животната средина.

Според ЕИБ по пандемијата ќе има можности да се свртиме кон економија со ниско ниво на јаглерод, што не ја загрозува животната средина.

– Како  климатска банка, нашата улога е да ја забрзаме зелената транзиција со финансирање на чиста енергија, одржлив транспорт и иновации, што ќе им овозможи на луѓето да ги менуваат своите навики – посочија тие.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од денеска тргнува на средби со европските политичари кои до крај останаа верни на американскиот претседател Доналд Трамп и се обидуваа...

Забава

Анастасија Ражњатовиќ се јави на социјалната мрежа Инстаграм, каде што објави видео снимка со нејзината мајка Цеца Ражњатовиќ. На видеото може да се забележи...

Забава

Алексиќ тогаш бил најнаградуван режисер од државна телевизија. Глумицата Милена Радуловиќ го пријавила Мирослав Алексиќ дека ја силувал, а многу колеги и дале подршка...

Забава

Американскиот сексолог и колумнистка Надја Бокоди смета дека налагањето правила на партнерот може да доведе до пропаст на врската. Таа за „Дејли мејл“ раскажува...