Човек од Калифорнија, САД, кој „се плашел да си оди дома поради КОВИД-19“, три месеци живеел криејќи се на аеродромот во Чикаго.
33-годишниот Адитија Удаи Синг е уапсена во саботата наутро и е обвинет за криење во ограничена зона на аеродромот и кражба на околу 500 американски долари, потврди полицискиот оддел во Чикаго.
Како што се дознава тој живеел скриен во безбедносната зона на аеродромот се до неговото апсењето на 16 јануари.
Синг е уапсен откако двајца вработени на „United Airlines“ побарале негова идентификација.
Тој им покажал ID која му припаѓала на еден од менаџерите кој ја пријавил за исчезната кон крајот на октомври.
Државниот правобранител Кетлин Хагерти пред судот изјави дека Синг тврди дека е „ бил исплашен да си оди дома поради КОВИД-19“ и дека другите патници му обезбедувале храна.