Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ ЗА НЕСРЕЌАТА ВО ЧЕРНОБИЛ ни открива Људмила сведок oд несреќата

Серијата „Чернобил“ за една од најголемите катастрофи во историјата на човештвото собори рекорди во рејтингот и доби бројни награди.

Меѓу ликовите креирани од луѓе од реалниот живот е Људмила Игнатенко, сопруга на пожарникар кој загина како резултат на зрачење додека го гаснеше пожарот во нуклеарната централа.

Во големото интервју за БиБиСи, таа рече дека не им дозволила на креаторите на серијата да го користат нејзиниот лик, како и дека популарноста на серијата и создале проблеми затоа што ја малтретирале медиумите.

Ме окупираа странци

– Се чувствував вознемирено кога дознав дека и мојот лик е во серијата. Бев окупирана од странци. Се случи новинарите да ја ставаат ногата меѓу влезната врата од мојот стан за да не можам да ја затворам и да ме снимаат – рече вдовицата на пожарникарот во Чернобил, Василиј, еден од првите кој почина од зрачење.

Последен пат го видела на 1 мај 1986 година, само неколку дена по експлозијата, во една локална болница. Потоа извадил четири каранфили од под перницата кои и ги дал.

– Не знаев дека тоа е нашиот последен романтичен момент – рече Људмила, бришејќи ги солзите.

Василиј починал две недели по експлозијата.

Бебето починало само неколку часа подоцна

За време на несреќата 23-годишната девојка била бремена, но не им соопштила на вработените во болницата. Поради изложеност на радијацијата од нејзиниот сопруг Василиј, и детето во развој било озрачено, па малата Наташа починала само неколку часа по раѓањето. Поради тоа сите ја нападнаа Људмила.

– Тие тврдат дека го убив моето дете. Но, во тоа време не знаевме многу за зрачењето. Луѓето ме прашуваа зошто сум во креветот на мојот сопруг во таква состојба. Но, како можев да го оставам? Мислев дека детето во мене е заштитено – вознемирено рече Људмила, која по смртта на Василиј никогаш не се омажи повторно.

најчитани вести

Балкан

Фадиj Сиjeвиќ е пронајден мртов денес во ридовите над езерото Бадовац, а според „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот на сведоци на Специјалното...

Забава

Анастасија Ражњатовиќ се јави на социјалната мрежа Инстаграм, каде што објави видео снимка со нејзината мајка Цеца Ражњатовиќ. На видеото може да се забележи...

Забава

ОВЕН Ви претстои голема нервоза на работа поради неочекувано лошите резултати. Сте очекувале многу повеќе, и затоа сте разочарани. Односот со брачниот партнер е...

Македонија

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје...