- Украл автомобил под закана со пиштол
- Се забил во автобуска постојка
- Го фрлил пиштолот во канал и се обидел да избега
Несекојдневна кражба со голема штета се случи денеска во Нови Сад, Србија откако крадец со закана со пиштол украл автомобил а потоа предозвикал несреќа.
Имено, Немања Л., денес создал хаос во Футог, градската населба во Нови Сад. Најпрво украл автомобил со закана со пиштол, а потоа предизвикал несреќа. Но ова не е прво негово дело и тој и е познат на полицијата уште од претходно.
Тој наводно има неколку кривични дела во своето досие, меѓу кои се насилничко однесување и грабеж, а исто така е поврзан и со хулигански групи.

Тој исто така бил уапсен за грабеж на продавница во Бегец, објави Nsuživo.
Во последното негово кривично дело Немања Л. (20), украл автомобил во Бегец денес со закана со пиштол, а потоа предизвикал несреќа во Футог удирајќи во автобуска постојка, па го фрлил пиштолот во каналот, но пред тоа наводно им се заканувал на присутните.
По неговото апсење кај него биле пронајдени нож и палка.